Јован 1:1-51
1 Во почетокот+ беше Речта,+ и Речта беше кај Бог,+ и Речта беше бог.*+
2 Тој* во почетокот+ беше кај Бог.+
3 Сѐ настана преку него,+ и без него ништо не настана.
Она што настана
4 преку него беше животот,+ и животот им беше светлина+ на луѓето.
5 И светлината свети во темнината,+ и темнината не ја надвладеа.
6 Се појави човек испратен од Бог,+ кој се викаше Јован.+
7 Тој дојде заради сведоштво,+ да сведочи за светлината,+ за да можат најразлични луѓе да поверуваат преку него.+
8 Тој не беше таа светлина,+ туку требаше да сведочи+ за таа светлина.
9 Вистинската светлина,+ која им свети+ на најразлични луѓе,+ требаше да дојде во светот.
10 Тој беше во светот,+ и светот настана преку него,+ но светот не го запозна.
11 Дојде кај своите, но тие не го примија.+
12 А на оние што го примија,+ им даде право да станат Божји деца,+ бидејќи веруваа во неговото име.+
13 Тие не се родени од крв, ниту од телесна волја, ниту од човечка волја, туку од Бог.+
14 И Речта стана тело+ и престојуваше меѓу нас, и ја гледавме неговата слава, слава што ја имаше како единороден+ на татко, полн со незаслужена доброта и вистина.+
15 Всушност, Јован сведочеше за него, односно викаше — тој беше оној што рече: „Тој што доаѓа по мене, пред мене е, бидејќи постоеше пред мене“.+
16 А она со кое тој е полн+ го примаме постојано сите ние — незаслужената доброта.+
17 Зашто, Законот беше даден преку Мојсеј,+ а незаслужената доброта+ и вистината+ дојдоа преку Исус Христос.
18 Ниту еден човек никогаш не го видел Бог.+ Единородниот бог,+ кој му е најблизок+ на Таткото,* тој го објави.+
19 Ова е Јовановото сведоштво: Евреите испратија кај него свештеници и левити од Ерусалим за да го прашаат: „Кој си ти?“+
20 А тој призна и не одрече, туку призна: „Јас не сум Христос“.*+
21 Тогаш тие го прашаа: „Што си тогаш? Да не си Илија?“+ Тој одговори: „Не сум“. „Дали си Пророк?“+ Тој одговори: „Не сум“.
22 А тие му рекоа: „Тогаш, кој си? Кажи, за да можеме да им одговориме на оние што нѐ испратија! Што велиш ти за себе?“+
23 Тој одговори: „Јас сум гласот на оној што вика во пустината: ‚Израмнете му го патот на Јехова!‘ — како што рече пророкот Исаија“.+
24 А тие што беа испратени, беа испратени од фарисеите.*
25 И го прашаа: „Зошто тогаш крштаваш+ ако не си ниту Христос, ниту Илија, ниту Пророк?“
26 Јован им одговори: „Јас крштавам со вода. Меѓу вас+ стои еден, кого вие не го познавате,+
27 оној што доаѓа по мене, а кому не сум достоен да му ги одврзам ремчињата на сандалите“.+
28 Тоа се случи во Витанија* од онаа страна на Јордан, каде што Јован крштаваше.+
29 Утредента го здогледа Исус како доаѓа кон него, и рече: „Еве го Божјето Јагне,+ кое го отстранува гревот+ на светот!+
30 Тоа е оној за кого реков: ‚По мене доаѓа човек кој е пред мене, бидејќи постоеше пред мене‘.+
31 Ни јас не го знаев, но затоа и дојдов, да крштавам со вода за да му се покаже тој на Израел“.+
32 Јован уште посведочи: „Видов како духот слегува од небото како гулаб, и останува на него.+
33 И јас не го познавав, но оној што ме испрати+ да крштавам со вода, ми рече: ‚Врз кого ќе видиш дека слегува духот и останува на него, тој е оној што крштава со светиот дух‘.+
34 Јас го видов тоа, и сведочам дека тој е Божјиот Син“.+
35 Следниот ден Јован повторно стоеше со двајца свои ученици.
36 Гледајќи го Исус како поминува, рече: „Еве го Јагнето Божје!“+
37 А двајцата ученици чуја што рече, и појдоа* по Исус.
38 Тогаш Исус се заврте и виде дека одат по него, па ги праша: „Што барате?“ Тие му одговорија: „Рави (што значи ‚учителе‘), каде живееш?“
39 Тогаш тој им рече: „Дојдете и ќе видите!“+ И така отидоа и видоа каде живее, и останаа тој ден кај него. Тоа беше околу десеттиот* час.
40 Еден од тие двајца, кои чуја што рече Јован и почнаа да го следат Исус, беше Андреј,+ братот на Симон Петар.
41 Тој најпрво го најде својот брат Симон и му рече: „Го најдовме Месијата!“+ („Месија“ на грчки е „Христос“.)+
42 И го одведе кај Исус, а Исус го погледна+ и рече: „Ти си Симон,+ синот на Јован.+ Ќе се викаш Кифа“. („Кифа“ на грчки е „Петар“.)*+
43 Другиот ден Исус сакаше да отиде во Галилеја. И го најде Филип+ и му рече: „Појди по мене!“+
44 А Филип беше од Витсаида,+ од градот на Андреј и Петар.
45 Филип го најде Натанаел+ и му рече: „Го најдовме оној за кого пишуваа Мојсеј во Законот+ и Пророците:+ Исус, синот на Јосиф,+ од Назарет“.
46 А Натанаел му рече: „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“+ Филип му одговори: „Дојди и види!“
47 Исус го виде Натанаел како доаѓа кај него и рече за него: „Еве, вистински Израелец, во кого нема измама!“+
48 А Натанаел го праша: „Од каде ме познаваш?“ Исус му одговори: „Те видов пред да те повика Филип, додека беше под смоквата“.
49 А Натанаел му одговори: „Учителе,* ти си Синот Божји,+ ти си Царот+ на Израел!“
50 Тогаш Исус му рече: „Зарем веруваш затоа што ти реков дека те видов под смоквата? Ќе видиш и многу повеќе“.
51 Уште му рече: „Вистина, вистина, ви велам, ќе го видите небото отворено и Божјите ангели+ како влегуваат и слегуваат кај Синот човечки“.+
Фусноти
^ Види го додатокот 9.
^ Заменката „тој“ се однесува на „Речта“ спомната во 1. стих. Иако на македонски, гледано од граматичка гледна точка, „Речта“ е именка од женски род, овде е употребена заменка од машки род, бидејќи грчкиот израз Ло́гос (Речта) се однесува на Исус.
^ Буквално: „кој е во прегратката на Таткото“.
^ Не станува збор за Витанија во близина на Ерусалим.
^ Околу 16 часот, според нашето сметање на времето. Евреите почнувале да ги бројат часовите од изгревањето на сонцето.