Јован 20:1-31

20  Во првиот ден+ од седмицата, Марија Магдалена дојде до гробот рано наутро, додека уште беше темно, и виде дека каменот веќе е тргнат од гробот.+  Затоа отрча и дојде кај Симон Петар и кај другиот ученик,+ кого Исус особено го сакаше, и им рече: „Го зеле Господарот од гробот+ и не знаеме каде го положиле!“  Тогаш Петар+ и другиот ученик излегоа и тргнаа кон гробот.  Тие двајцата заедно потрчаа, но другиот ученик трчаше побрзо од Петар, па прв стигна до гробот.  Ѕирна внатре и виде дека завоите лежат,+ но не влезе.  Тогаш дојде и Симон Петар, кој одеше по него, па влезе во гробот. И ги виде завоите како лежат+  и платното, кое беше на Исусовата глава, но не лежеше заедно со завоите, туку беше свиткано одделно на едно место.  Тогаш влезе и другиот ученик, оној што прв стигна до гробот, и тој виде и поверува.  Зашто, уште го немаа разбрано пасусот од Писмото што вели дека тој мора да стане од мртвите.+ 10  Потоа учениците се вратија дома. 11  А Марија стоеше надвор кај гробот и плачеше. Додека така плачеше, погледна во гробот 12  и виде два ангела+ во бело како седат таму каде што лежеше Исусовото тело, едниот кај главата, а другиот кај нозете. 13  Тие ја запрашаа: „Жено, зошто плачеш?“ Таа им одговори: „Го зеле мојот Господар, и не знам каде го положиле“. 14  Откако го рече ова, се сврте и го здогледа Исус како стои зад неа, но не го препозна.+ 15  Исус ја праша: „Жено, зошто плачеш? Кого бараш?“+ Мислејќи дека е градинарот, таа му рече: „Господине, ако си го однел ти, кажи ми каде си го положил, и јас ќе го земам!“ 16  Тогаш Исус ѝ рече: „Марија!“+ А таа се заврте и на хебрејски му рече: „Равуни!“+ (што значи „учителе“). 17  А Исус ѝ рече: „Немој да ме држиш, зашто уште не сум се вознел кај Таткото, туку оди кај моите браќа+ и кажи им: ‚Одам горе кај мојот Татко+ и вашиот Татко, кај мојот Бог+ и вашиот Бог‘ “.+ 18  И така Марија Магдалена дојде и им јави на учениците: „Го видов Господарот!“ И раскажа за сѐ што ѝ кажа тој.+ 19  А вечерта, истиот тој ден, првиот од седмицата,+ иако поради страв+ од Евреите вратите каде што беа учениците беа заклучени, Исус дојде+ и застана на средина, па им рече: „Имајте мир!“+ 20  И откако го рече ова, им ги покажа рацете и слабината.+ И учениците се зарадуваа+ што го гледаат Господарот. 21  Затоа Исус пак им рече: „Имајте мир! Како што Таткото ме прати мене,+ така и јас ве праќам вас“.+ 22  Кога го рече ова, дувна во нив и им рече: „Примете свет дух!+ 23  Ако некому му ги простите гревовите,+ простени му се, а ако некому не му ги простите, нема да му бидат простени“.+ 24  Но Тома,+ еден од дванаесеттемина, наречен Близнак, не беше со нив кога дојде Исус. 25  Затоа другите ученици му велеа: „Го видовме Господарот!“ Но тој им рече: „Додека не ги видам раните од клинците на неговите раце и не го ставам прстот во тие рани и додека не ја ставам раката во раната на неговата слабина,+ нема да верувам!“+ 26  По осум дена неговите ученици пак беа во куќата, а и Тома беше со нив. И Исус дојде, иако вратите беа заклучени, па застана на средина и рече: „Имајте мир!“+ 27  Потоа му рече на Тома: „Стави го прстот овде и погледни ми ги рацете, и пружи ја раката+ и стави ја во раната на мојата слабина! И немој да се сомневаш, туку верувај!“ 28  Тома му одговори и рече: „Господар мој и Бог мој!“+ 29  А Исус му рече: „Поверува затоа што ме виде? Среќни се оние што не гледаат, а веруваат!“+ 30  Исус направи пред учениците и многу други чуда, кои не се запишани во овој свиток.+ 31  А овие се запишани+ за да верувате дека Исус навистина е Христос,* Синот Божји, и верувајќи+ да имате живот во негово име.

Фусноти

Или: „Помазаникот, Месијата“. Види ја фуснотата за Мт 2:4.