Јов 31:1-40

31  Склучив сојуз со своите очи,+па како би можел тогаш да гледам по девица?+   Каков дел дава Бог одозгора,+какво е наследството од Семоќниот од висините?   Зар не пропаст за злосторникот+и несреќа за оние што прават зло?   Не ги гледа ли тој моите патишта,+не ги брои ли сите мои чекори?   Ако сум се дружел со луѓе што зборуваат невистина+и ако трчала мојата нога кон измама,+   тој ќе ме измери на точна вага,+Бог ќе ја сознае мојата непорочност.*+   Ако скршнале моите чекори од правиот пат,+ако ми се повело срцето по очите,+ако се прилепило некакво срамно дело за моите раце,+   друг нека го јаде она што ќе го посеам јас+и нека се искорени моето потомство!   Ако го завела моето срце некоја жена+и ако сум демнел+ на вратата на својот ближен, 10  мојата жена нека му меле жито на други други нека клечат над неа.+ 11  Зашто, тоа би било бесрамно,престап кој би требало да дојде пред судии.+ 12  Тоа би било оган што голта до пропаст,+кој би го уништил до корен сиот мој принос. 13  Ако го лишував од правдата својот робили својата робинка во нивната парница со мене, 14  што ќе направам кога ќе се крене Бог?Кога ќе ме повика на одговорност, што ќе му одговорам?+ 15  Оној што ме направи во утробата мене, не го направи ли и него,+зар не нѐ создаде во мајчината утроба истиот творец? 16  Ако сум ја одбил желбата на сиромасите+и ако сум дозволил да венеат очите на вдовицата,+ 17  ако сум го јадел сам својот залак,а да не јадело со мене и детето без татко+ 18  — а од мојата младост растеше со мене како со татко,и откако излегов од утробата на мајка ми ѝ помагав на вдовицата — 19  ако сум гледал како гине човек затоа што нема облека+или како сиромавиот нема со што да се покрие, 20  ако не ме благословувале+ неговите бедраи ако не се згреал со руното+ на моите млади овни, 21  ако сум мавтал заканувачки со раката против дете без татко,+кога сум видел на портата дека му е потребна мојата помош,+ 22  рамото од плешка нека ми се измести,раката од рамо нека ми се откине! 23  Зашто, се плашев да не дојде врз мене неволја од Бог,пред неговото величество+ не би се одржал. 24  Ако сум имал доверба во златото,ако сум му велел на златото: ‚Довербо моја!‘+ 25  ако сум се радувал што имав голем имот+и што мојата рака стекна многу,+ 26  ако сум гледал како светнала светлинатаили како патува убавата месечина,+ 27  па моето срце потајно дозволило да биде заведено,+та со раката сум им испраќал бакнежи* од своите усни, почитувајќи ги како богови, 28  и тоа би било престап кој би требало да дојде пред судии,зашто би се одрекол од вистинскиот Бог, кој е во висините. 29  Ако сум се радувал на пропаста на оној што многу ме мрази+или ако сум се веселел кога го снашло нешто лошо... 30  На своето непце не му дозволив да грешии да повика проклетство врз неговата душа.+ 31  Ако не зборувале луѓето од мојот шатор:‚Може ли некој да покаже човек што не се наситил од неговата трпеза?‘+... 32  Дојденецот никогаш не ноќеваше надвор,+на патникот му беше отворена мојата врата. 33  Ако сум бил како земен човек кој ги прикрива своите гревови+и го крие својот престап во пазувите... 34  Зашто, тогаш би се плашел од големо мноштво,би ме плашел презирот од многу семејства,и би молчел, на врата не би излегувал. 35  Барем кога би имало кој да ме сослуша,+кога Семоќниот би одговорил+ на мојата потпишана изјава!Кога оној што е во спор со мене би имал писмено обвинение! 36  Сигурно, на свои рамења би го носел,би си го врзал околу главата како раскошна круна. 37  Би му положил сметка за секој свој чекор,+би му пристапил со крената глава како кнез. 38  Ако викала за помош мојата земја поради моите делаи ако плачеле заедно нејзините бразди, 39  ако сум го јадел нејзиниот род, а не сум го платил,+и сум ја навел да воздивнува душата на нејзините сопственици,+ 40  наместо пченица нека ми роди трнлив плевел,+наместо јачмен — смрдлив плевел!“Овде завршуваат зборовите на Јов.

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Бакнувањето на идолите како верски чин се спомнува во 1Ца 19:18 и во Ос 13:2.