Дела на апостолите 7:1-60
7 Тогаш првосвештеникот запраша: „Така ли е?“
2 А Стефан рече: „Луѓе, браќа и татковци, чујте! Богот на славата+ му се појави на нашиот прататко Авраам додека тој беше во Месопотамија, пред да се насели во Харан,+
3 и му рече: ‚Замини од својата земја и откај своите роднини и појди во земјата што ќе ти ја покажам‘.+
4 Тогаш замина од халдејската земја и се насели во Харан. Оттаму, по смртта на неговиот татко,+ Бог го упати да се пресели во оваа земја, во која живеете вие сега.+
5 Но не му даде наследство во неа, ниту една стапка,+ туку му вети дека ќе му ја даде во сопственост,+ нему и на неговото потомство по него,+ додека уште немаше деца.+
6 А Бог рече и дека неговите потомци ќе бидат дојденци+ во туѓа земја+ и дека ќе бидат поробени и угнетувани четиристотини години.+
7 ‚А на тој народ, на кој ќе му робуваат, јас ќе му судам‘,+ рече Бог, ‚и потоа ќе излезат и ќе ми служат* на ова место.‘+
8 Му даде и сојуз на обрежувањето.+ Така му се роди Исак,+ кого го обрежа на осмиот ден,+ а на Исак му се роди Јаков, а на Јаков, пак, дванаесетте наши прататковци.+
9 А прататковците од љубомора+ го продадоа Јосиф во Египет.+ Но Бог беше со него+
10 и го избави од сите негови неволји и му дозволи да ја стекне наклоноста на фараонот, египетскиот цар, и пред него да се покаже мудар. А тој го постави да управува со Египет и со целиот негов дом.+
11 Но врз целиот Египет и Ханаан дојде глад, голема неволја, и нашите прататковци не можеа да најдат храна.+
12 Но Јаков чу дека во Египет има храна+ и ги испрати нашите прататковци првиот пат.+
13 А вториот пат Јосиф им се откри на своите браќа,+ па фараонот дозна за потеклото на Јосиф.+
14 Тогаш Јосиф го повика оттаму својот татко Јаков и сите роднини,+ вкупно седумдесет и пет души.*+
15 Така Јаков отиде во Египет.+ И умреа+ тој и нашите прататковци.+
16 И беа пренесени во Сихем+ и положени во гробот+ што Авраам го купи со сребро од синовите на Емор во Сихем.+
17 А како што се приближуваше времето да се исполни ветувањето што Бог му го даде на Авраам, народот во Египет растеше и се множеше.+
18 Тогаш над Египет завладеа друг цар, кој не го познаваше Јосиф.+
19 Тој лукаво ја користеше својата моќ против нашиот род+ и ги присилуваше нашите татковци да ги предадат своите новородени деца за да бидат погубени.+
20 Токму во тоа време се роди Мојсеј.+ Беше многу убав, дури и за Бог.+ Три месеци се грижеа за него во домот на неговиот татко.
21 А кога беше оставен, го зеде фараоновата ќерка и го одгледа како свој син.+
22 Така Мојсеј беше поучен за сета египетска мудрост.+ Беше силен во своите зборови+ и дела.
23 А кога имаше четириесет години, му дојде во срцето желба да ги посети своите браќа, синовите на Израел.+
24 Кога виде како на еден Израелец му се нанесува неправда, го бранеше и го одмазди малтретираниот, убивајќи го Египќанецот.+
25 Мислеше дека неговите браќа ќе сфатат дека Бог им дава спасение преку неговата рака,+ но тие не го сфатија тоа.
26 А утредента се појави пред нив додека двајца од нив се тепаа. Се обиде да ги смири,+ велејќи: ‚Луѓе, вие сте браќа! Зошто се малтретирате еден со друг?‘+
27 Но оној што го малтретираше својот ближен го одби со зборовите: ‚Кој те поставил тебе за владетел и судија над нас?+
28 Сакаш ли и мене да ме убиеш како што вчера го уби оној Египќанец?‘+
29 Од тие зборови, Мојсеј побегна и се насели во мадијамската земја,+ каде што му се родија два сина.+
30 А кога се навршија четириесет години, му се појави ангел во пустината кај Синајската Гора, во пламенот на грмушката што гореше.+
31 Кога го виде тоа, Мојсеј се зачуди на таа глетка.+ Додека приоѓаше за да види подобро, се зачу Јеховиниот глас:
32 ‚Јас сум Богот на твоите прататковци, Богот на Авраам и на Исак и на Јаков‘.+ Сиот треперејќи, Мојсеј повеќе не се осмели да гледа.
33 Тогаш Јехова му рече: ‚Собуј ги сандалите од своите нозе, зашто местото на кое стоиш е свето место! +
34 Видов како е малтретиран мојот народ во Египет+ и го чув нивниот лелек,+ па слегов за да ги избавам.+ Затоа, сега ајде, те праќам во Египет!‘+
35 Тој Мојсеј, од кого тие се одрекоа, велејќи: ‚Кој те поставил тебе за владетел и судија?‘+ — него Бог го испрати+ како владетел и избавител преку раката на ангелот кој му се појави во грмушката.
36 Тој човек ги изведе,+ правејќи чуда и предзнаци во Египет,+ и во Црвеното Море,+ и во пустината* четириесет години.+
37 Тоа е оној Мојсеј кој им рече на синовите на Израел: ‚Бог ќе ви подигне од вашите браќа пророк како што сум јас‘.+
38 Тоа е оној+ што беше меѓу народот+ во пустината со ангелот,+ кој му зборуваше на Синајската Гора, и со нашите прататковци. Тој прими свети објави,+ кои сѐ уште живеат, за да ви ги предаде вам.
39 Нему нашите прататковци не сакаа да му бидат послушни, туку го отфрлија+ и во своите срца се вратија во Египет,+
40 па му рекоа на Арон: ‚Направи ни богови што ќе одат пред нас! Зашто, не знаеме што се случи со тој Мојсеј, кој нѐ изведе од египетската земја‘.+
41 Така направија теле во тие денови,+ и му принесоа жртва на тој идол и се веселеа на делото на своите раце.+
42 Затоа Бог се сврте од нив и ги пушти+ да ја почитуваат небесната војска, како што е напишано во пророчката книга:+ ‚Зар мене ми принесувавте животински и други жртви четириесет години во пустината, доме Израелов?+
43 Не, туку ги носевте шаторот на Молох+ и ѕвездата+ на богот Ромфа, ликовите што ги направивте за да им се клањате.* Затоа ќе ве изгонам+ од онаа страна на Вавилон‘.
44 Нашите прататковци го имаа шаторот на сведоштвото во пустината, како што тој одреди кога му рече на Мојсеј да го изработи според образецот што го виде.+
45 Нашите прататковци го презедоа тој шатор од своите татковци и, под водството на Исус Навин,+ го внесоа во земјата што ја поседуваа народите,+ кои Бог ги истера од пред нашите прататковци.+ Таму остана сѐ до деновите на Давид.
46 Давид ја стекна Божјата наклоност+ и молеше да му биде дозволено да му подигне живеалиште+ на Јакововиот Бог.
47 Но дом му изгради Соломон.+
48 Сепак Севишниот не престојува во градби што се направени со раце,+ како што вели пророкот:
49 ‚„Небото е мојот престол,+ и земјата ми е подножје за нозете.+ Каков дом ќе ми изградите?“ — вели Јехова. „Каде е местото за мојата починка?+
50 Зарем мојата рака не го направи сето тоа?“ ‘+
51 Луѓе тврдоглави и со необрежани срца+ и уши! Вие секогаш му се спротивставувате на светиот дух — како што правеа вашите прататковци, така правите и вие.+
52 Кого од пророците не го прогонуваа вашите прататковци?+ Дури ги убија+ оние што го навестија доаѓањето на Праведникот,+ чии предавници и убијци сега станавте вие,+
53 вие кои го примивте Законот преку ангели,+ но не го држевте“.
54 А кога го чуја тоа, се разлутија во своите срца+ и почнаа да чкртаат со забите+ против него.
55 А тој, полн со свет дух, го впери погледот кон небото и ја здогледа Божјата слава и Исус како стои од десната страна на Бог,+
56 и рече: „Еве, ги гледам небесата отворени+ и Синот човечки+ како стои од десната страна на Бог“.+
57 Тогаш тие извикаа колку што ги држеше гласот, ги затнаа ушите со рацете+ и сите заедно му се нафрлија.
58 И го исфрлија од градот,+ па почнаа да фрлаат камења на него.+ А сведоците+ ги оставија своите наметки до нозете на еден млад човек, кој се викаше Савле.+
59 И додека го каменуваа, Стефан се помоли: „Господару* Исусе, прими го мојот дух!“*+
60 Потоа клекна и извика на сиот глас: „Јехова, не сметај им го ова за грев!“+ Откако го рече тоа, умре.*
Фусноти
^ Или: „ќе ми вршат света служба“.
^ Види ги фуснотите за 1Мо 46:20, 27.
^ Види го додатокот 12.
^ Или: „да ги обожавате“.
^ Види го додатокот 11.
^ Или: „животна сила“.
^ Буквално: „заспа“.