Псалми 103:1-22
Давидов псалм.
103 Благословувај го Јехова, душо моја!+Сѐ што е во мене нека го благословува неговото свето име!+
2 Благословувај го Јехова, душо моја,и не заборавај ги сите негови дела!+
3 Благословувај го оној што ти ги простува сите престапи,+кој ти ги лекува сите болести,*+
4 кој животот од гробна јама ти го избавува,+и со милост* и со милосрдие те крунисува,+
5 кој животот со добро ти го наситува.+Како кај орел младоста ти се обновува.+
6 Јехова врши праведни дела+и им дава правда на сите што се измамени.+
7 На Мојсеј му ги објави своите патишта,+на синовите на Израел — своите дела.+
8 Јехова е милосрден и добар,+бавен на гнев и полн со милост.+
9 Нема да наоѓа грешки за сите времиња,+ниту ќе чувствува гнев довека.+
10 Не постапува со нас според нашите гревови+и не ни го враќа она што го заслужуваме за нашите престапи.+
11 Зашто, како што се небесата повисоки од земјата+така и неговата милост ги надвишува оние што се бојат од него.+
12 Колку што е исток далеку од запад+толку ги оддалечува од нас нашите престапи.+
13 Како што е таткото милосрден кон своите синови+така Јехова е милосрден кон оние што се бојат од него.+
14 Зашто, тој добро ја познава нашата градба,+си спомнува дека сме прав.+
15 Дните на смртниот човек се како дните на зелената трева;+како цветот во полето, така цвета и тој.+
16 Само ветар да го дувне, и веќе го нема,+неговото место не го познава повеќе.+
17 Но милоста на Јехова е од век до век+над оние што се бојат од него,+и неговата праведност е над синовите на нивните синови,+
18 над оние што го држат неговиот сојуз+и ги паметат неговите наредби за да ги извршуваат.+
19 Јехова го зацврсти својот престол на небесата+и неговата царска власт се протега над сѐ.+
20 Благословувајте го Јехова, ангели+ негови, моќни во силата, кои ја извршувате неговата реч+и ги слушате неговите заповеди!+
21 Благословувајте го Јехова, сите војски негови,+слуги негови, кои ја вршите неговата волја!+
22 Благословувајте го Јехова, сите дела негови,+на сите места каде што владее!+Благословувај го Јехова, душо моја!+
Фусноти
^ Или: „страдања“.