Псалми 104:1-35

104  Благословувај го Јехова, душо моја!+О Јехова, Боже мој, ти си многу велик.+Во чест и величие си се облекол,+   во светлината како со наметка си се завил,+си ги оптегнал небесата како шаторско платно,+   своите горни одаи ги градиш од греди во водите,+облаците ги претвораш во своја кола,+одиш на крилјата на ветрот,+   своите ангели ги правиш духови,*+своите слуги — оган што проголтува.+   Ја утврди земјата на нејзините темели;+нема да се разниша довека, за сета вечност.+   Со водна бездна ја покри како со облека.+Водите стоеја над планините.+   Од твојата закана почнаа да бегаат;+од татнежот на твоите громови побегнаа уплашени   — планините се издигнаа,+долините се спуштија —на местото што го утврди за нив.   Постави граница, која не смеат да ја преминат,+за да не ја покријат пак земјата.+ 10  Ти испраќаш извори во долините,+тие течат меѓу планините. 11  Ги напојуваат сите полски животни,+во нив зебрите+ ја гаснат својата жед. 12  Над нив се гнездат небесните птици,+во густите лисја се разлева нивниот глас.+ 13  Ти ги наводнуваш планините од своите горни одаи.+Со плодовите на твоите дела се наситува земјата.+ 14  Ти правиш да никне зелена трева за стоката+и растенија за потребите на луѓето,+и даваш да расте храна од земјата+ 15  и вино што го весели срцето на смртниот човек,+и даваш масло+ за да свети лицетои леб што го закрепнува срцето на смртниот човек.+ 16  Се наситуваат дрвјата Јеховини,ливанските кедри што ги посади,+ 17  на кои си прават гнезда птиците,+а штркот си свил дом на смреките.+ 18  По високите планини+ се козите,+карпите им се прибежиште на пештерниците.+ 19  Ја направи месечината да ги покажува времињата;+сонцето знае каде треба да зајде.+ 20  Ти создаваш темнина и паѓа ноќ+тогаш се движат сите шумски животни. 21  Млади лавови рикаат по пленот+и својата храна ја бараат од Бог.+ 22  Штом сонцето ќе изгрее+ — тие се повлекуваати легнуваат во своите скривалишта. 23  Човек оди да работи+и ја врши својата работа до вечерта.+ 24  Колку се многубројни твоите дела, Јехова!+Сите мудро си ги направил,+полна е земјата со твоите творби.+ 25  А во ова море, толку големо и широко,+се движат животни без број,+суштества мали и големи.+ 26  Таму пловат бродови;+го направи левијатанот*+ за да си игра во него.+ 27  Сите тие те чекаат тебе+за да им дадеш храна навреме.+ 28  Она што им го даваш, го земаат.+Ја отвораш раката и се наситуваат со добри дарови.+ 29  Ако го свртиш своето лице, се збунуваат.+Ако им го одземеш духот,* умираат+и се враќаат во својот прав.+ 30  Ако го испратиш својот дух, се создаваат;+ти го обновуваш лицето на земјата. 31  Славата на Јехова ќе трае довека.+Ќе се радува Јехова на своите дела.+ 32  Тој ја погледнува земјата, и таа се тресе,+ги допира планините, и тие чадат.+ 33  Ќе му пеам на Јехова додека сум жив,+со песна ќе го фалам својот Бог сѐ додека постојам.+ 34  Нека му бидат пријатни моите мисли.+Јас ќе му се радувам на Јехова.+ 35  Грешниците ќе бидат збришани од земјата,+ќе нема повеќе зли.+Благословувај го Јехова, душо моја! Фалете го Јах!*+

Фусноти

Или: „ветрови“ (хебрејски: рухот, множина). Во 3. стих е употребен хебрејскиот израз руах („ветар“), во еднина.
Види ја фуснотата за Јов 3:8.
Или: „животната сила“.
„Фалете го Јах!“ Или: „Алилуја!“ Види ги фуснотата за 2Мо 15:2 и додатокот 1.