Псалми 111:1-10
111 Фалете го Јах!+
א [алеф]*
Ќе го фалам Јехова со сето свое срце+ב [бет]
во блиското друштво на чесни пријатели+ и во нивниот круг.+
ג [гимел]
2 Големи се Јеховините дела,+ד [далет]
за нив размислуваат сите што уживаат во нив.+
ה [хеј]
3 Неговите дела+ се славни и величествени,+ו [вав]
неговата праведност останува засекогаш.+
ז [заин]
4 Тој направи чуда што се паметат.+
ח [хет]
Јехова е добар и милосрден.+
ט [тет]
5 Им дава храна на оние што се бојат од него.+
י [јуд]
Довека ќе се сеќава на својот сојуз.+
כ [каф]
6 Силата на своите дела му ја објави на својот народ,+ל [ламед]
кога им го даде ним наследството на другите народи.+
מ [мем]
7 Делата на неговите раце се вистина и правда,+נ [нун]
сите негови наредби се достојни за доверба,+
ס [самек]
8 втемелени засекогаш, за сите векови,+ע [аин]
засновани на вистината и справедливоста.+
פ [пе]
9 Му испрати откуп на својот народ.+
צ [цадик]
Заповеда неговиот сојуз да трае довека.+
ק [куф]
Неговото име е свето и влева страв.+
ר [реш]
10 Стравот Јеховин е првото нешто потребно за да се стекне мудрост.*+
ש [шин]
Сите што ги извршуваат неговите наредби се навистина разборити.*+
ת [тав]
Неговата фалба останува засекогаш.+
Фусноти
^ Буквално: „е почеток на мудроста“.