Псалми 115:1-18

115  Не нам, Јехова, не нам,+туку на своето име дај му слава+според својата милост,* според својата вистинољубивост!+   Зошто да велат народите:+„Каде е нивниот Бог?“+   Нашиот Бог е на небесата;+сѐ што сакал да направи — направил.+   Нивните идоли се сребро и злато,+дело на рацете на земен човек.+   Уста имаат, но не зборуваат,+очи имаат, но не гледаат,+   уши имаат, но не слушаат.+Нос имаат, но не мирисаат.+   Раце имаат, но не допираат.+Нозе имаат, но не одат;+не пуштаат глас од грлото свое.+   Оние што ги прават, ќе станат како нив,+сите што имаат доверба во нив.+   Израеле, имај доверба во Јехова!+Тој е твојата помош и твојот штит.+ 10  Доме Аронов, имај доверба во Јехова!+Тој е твојата помош и твојот штит.+ 11  Вие што се боите од Јехова, имајте доверба во Јехова!+Тој е вашата помош и вашиот штит.+ 12  Јехова се сети на нас; тој ќе благослови,+ќе го благослови домот Израелов,+ќе го благослови домот Аронов.+ 13  Ќе ги благослови оние што се бојат од Јехова,+и малите и големите.+ 14  Јехова ќе ве умножи,+вас и вашите синови.+ 15  Вие сте благословени од Јехова,+Творецот на небото и на земјата.+ 16  Небесата му припаѓаат на Јехова,+а земјата им ја дал на синовите човечки.+ 17  Мртвите не го фалат Јах,+никој од оние што во тишината слегуваат.+ 18  А ние ќе го благословуваме Јах+отсега и довека.+Фалете го Јах!+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.