Псалми 34:1-22

Давидов псалм, кога се правеше луд+ пред Авимелех, па тој го истера, и Давид си отиде. א [алеф]* 34  Ќе го благословувам Јехова во секое време,+пофалбата за него постојано ќе ми биде на усните.+ ב [бет]   Со Јехова ќе се гордее мојата душа,+кротките ќе чујат и ќе се радуваат.+ ג [гимел]   Величајте го Јехова со мене,+да го возвишуваме заедно неговото име.+ ד [далет]   Го барав Јехова, и тој ми одговори,+од сите мои стравови ме ослободи.+ ה [хеј]   Оние што гледаа во него, светнаа,+нивните лица не можат да се посрамат.+ ז [заин]   Овој страдалник повика, и Јехова го слушна.+Од сите негови неволји го спаси.+ ח [хет]   Ангел Јеховин стои улогорен околу оние што се бојат од Бог,+и ги избавува.+ ט [тет]   Вкусете и видете колку е добар+ Јехова!Среќен е човекот кому тој му е прибежиште!+ י [јуд]   Бојте се од Јехова, вие свети слуги негови,+зашто ништо не им недостига на оние што се бојат од него.+ כ [каф] 10  Дури и младите лавови имаат малку и гладуваат,+но на оние што го бараат Јехова нема да им недостасува ниедно добро.+ ל [ламед] 11  Дојдете, синови мои, послушајте ме,+ќе ве научам да се боите од Јехова.+ מ [мем] 12  Кој човек му се радува на животот+и би сакал да види многу добри денови?+ נ [нун] 13  Чувај го јазикот од зло+и своите усни од измамничко зборување.+ ס [самек] 14  Избегнувај го злото и прави добро,+барај мир и тежнеј кон него!+ ע [аин] 15  Очите на Јехова ги гледаат праведниците+и ушите негови го слушаат нивниот повик за помош.+ פ [пе] 16  Лицето на Јехова е против оние што прават зло,+за да го сотре на земјата споменот за нив.+ צ [цадик] 17  Праведниците викаа за помош, и Јехова ги слушна,+ги избави од сите нивни неволји.+ ק [куф] 18  Јехова е близу до оние што се скршени во срцето+и ги спасува оние со скршен дух.+ ר [реш] 19  Многу неволји има праведникот,+но Јехова го избавува од сите нив.+ ש [шин] 20  Тој ги чува сите негови коски,ниту една од нив не е скршена.+ ת [тав] 21  Неволја ќе го убие злиот,+и оние што го мразат праведникот ќе бидат виновни.+ 22  Јехова ја откупува душата на своите слуги,+и никој кому тој му е прибежиште, нема да биде виновен.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 9:1.