Псалми 65:1-13
На управителот. Давидова песна. Псалм.
65 За тебе, Боже, е фалбата и тишината на Сион,+исполнет е заветот што ти е даден тебе.+
2 Ти си тој што ги слуша молитвите, кај тебе доаѓа секој човек.+
3 Грешните дела се посилни од мене.+Ти ќе ги покриеш нашите престапи.+
4 Среќен е оној кого ти ќе го одбереш и кому му дозволуваш да ти се приближи,+за да живее во твоите дворови.+Ќе се наситиме со доброто од твојот дом,+од светото место на твојот храм.+
5 Со застрашувачки дела на праведност ти ќе ни одговориш,+Боже на нашето спасение,+довербо на сите земски краишта и на луѓето што се далеку на море.+
6 Тој цврсто ги поставува планините со својата сила,+со моќ се опашува.+
7 Ја смирува бучавата на морињата,+бучавата на нивните бранови и превирањата меѓу народите.+
8 Жителите на најоддалечените краишта ќе се исплашат од твоите знаци.+Ти ги тераш зорите и вечерите радосно да извикуваат.+
9 Милостиво ја гледаш земјата и ѝ даваш изобилство,+многу ја збогатуваш.Божјиот поток е полн со вода.+Ти го подготвуваш нивното жито,+бидејќи така ја подготвуваш земјата.+
10 Се натопуваат нејзините бразди, се израмнуваат нејзините грутки,+со обилни дождови ја омекнуваш, ги благословуваш и нејзините подници.+
11 Ја крунисуваш годината со својата добрина,+по твоите патеки капе маст.+
12 Од пасиштата во пустелијата паѓаат капки,+со веселба се опашуваат ридовите.+
13 Пасиштата се облечени со стада,+рамниците се покриени со жито.+Победнички воскликнуваат и пеат.+