Римјаните 14:1-23
14 Примете го оној што е незрел+ во верата, но не за да ги проценувате недоумиците што се јавуваат во мислите.+
2 Некој верува дека смее да јаде сѐ,+ а оној што е незрел јаде само зеленчук.
3 Оној што јаде, нека не го презира оној што не јаде,+ а тој што не јаде, нека не го осудува оној што јаде, зашто Бог го примил.
4 Кој си ти да го осудуваш туѓиот слуга?+ Неговиот господар одлучува дали тој ќе стои или ќе падне.+ А ќе стои, зашто Јехова може да го поддржи.+
5 Некој смета дека едниот ден е поважен од другиот,+ а друг смета дека сите денови се исти.+ Секој нека биде сосема уверен во своето мислење.
6 Кој мисли дека некој ден е посебен, така мисли поради Јехова. И кој јаде, јаде поради Јехова,+ зашто му благодари на Бог,+ а кој не јаде, не јаде поради Јехова,+ и исто така му благодари на Бог.+
7 Зашто, никој од нас не живее само за себе+ и никој не умира само за себе.
8 Зашто, ако живееме, живееме за Јехова,+ и ако умираме, умираме за Јехова.+ Според тоа, било да живееме било да умираме, на Јехова му припаѓаме.+
9 Всушност, Христос затоа умре и оживеа,+ за да им биде Господар и на мртвите+ и на живите.+
10 А ти, зошто го осудуваш својот брат?+ Или, зошто го презираш својот брат? Зашто, сите ќе застанеме пред Божјата судиска столица.+
11 Зашто, напишано е: „,Како што сум жив јас,‘ вели Јехова,+ ‚секое колено ќе се свитка пред мене и секој јазик јавно ќе го признае Бог‘ “.+
12 Според тоа, секој од нас ќе положи сметка за себе пред Бог.+
13 Затоа повеќе да не се осудуваме+ еден со друг, туку подобро решете+ да не ставате пред братот+ нешто поради кое би можел да се спрепне+ или да се сопне.
14 Знам и уверен сум во Господарот Исус дека ништо не е нечисто само по себе.+ Освен ако некој смета нешто за нечисто, нему тоа му е нечисто.+
15 А ако твојот брат е нажален поради храна, ти повеќе не постапуваш* според љубовта.+ Немој со својата храна да го упропастуваш оној за кого Христос умрел!+
16 Затоа, не дозволувајте да се зборува лошо за вашите добри дела.
17 Зашто, царството Божје+ не е јадење и пиење,+ туку праведност+ и мир+ и радост+ преку светиот дух.
18 Зашто, оној што така му робува на Христос, прифатлив е за Бог и го ценат луѓето.+
19 Затоа, да се стремиме кон она што придонесува за мир+ и меѓусебно да се изградуваме.+
20 Не уривајте го Божјето дело поради јадење!+ Вистина, сѐ е чисто, но штетно е ако некој јаде и со тоа предизвикува спрепнување.+
21 Добро е да не се јаде месо и да не се пие вино и да не се прави ништо од кое твојот брат би можел да се спрепне.+
22 Уверувањето што го имаш, задржи го за себе пред Бог.+ Среќен е оној што не се осудува самиот себе поради она што одлучил да го направи.
23 Но, ако се сомнева, веќе е осуден ако јаде,+ бидејќи не јаде од уверување. А сѐ што не е од уверување, грев е.+
Фусноти
^ Буквално: „одиш“.