1. Јованово 5:1-21
5 Секој што верува дека Исус е навистина Христос,* роден е од Бог,+ и секој што го сака родителот, го сака и оној што е роден од него.+
2 По тоа знаеме дека ги сакаме+ децата Божји:+ кога го сакаме Бог и ги вршиме неговите заповеди.+
3 Зашто, љубовта кон Бог значи+ да се држат неговите заповеди,+ а неговите заповеди не се тешки,+
4 бидејќи сѐ што е родено од Бог+ го победува светот.+ А ова е победата+ која го победи+ светот: нашата вера.+
5 Кој е тој што го победува+ светот,+ ако не оној што верува+ дека Исус е Син Божји?+
6 Тој, Исус Христос, дојде со посредство на вода и крв; не само со водата,+ туку со водата и со крвта.+ И духот+ е тој што сведочи, бидејќи духот е вистината.
7 Зашто, три се што сведочат:
8 духот+ и водата+ и крвта,+ и тие три се сложни.+
9 Сведоштвото на Бог е поголемо од сведоштвото на луѓето,+ кое го прифаќаме. Зашто, тоа е сведоштво од Бог: тој посведочи+ за својот Син.
10 Кој верува во Синот Божји, го прифаќа сведоштвото+ што му е дадено. Кој не верува во Бог, го направил лажливец,+ бидејќи не верува во сведоштвото+ со кое Бог сведочи+ за својот Син.
11 А ова е тоа сведоштво: Бог ни даде вечен живот,+ и тој живот е во неговиот Син.+
12 Кој го има Синот, го има тој живот, кој го нема Синот Божји, го нема тој живот.+
13 Ви го пишувам ова за да знаете дека имате живот вечен,+ вие кои верувате во името на Синот Божји.+
14 А во ова се надеваме на Бог:+ што и да бараме во склад со неговата волја, тој нѐ слуша.+
15 А ако знаеме дека тој нѐ слуша, што и да побараме,+ знаеме дека ќе го добиеме она што сме го барале, зашто тоа сме го барале од него.+
16 Ако некој го види својот брат како греши со грев кој не води во смрт,+ нека моли, и Бог ќе му даде живот+ — на оние што не прават грев кој води во смрт.+ Постои грев кој води во смрт. За тој грев не му велам да моли.+
17 Секоја неправедност е грев,+ а сепак постои грев кој не води во смрт.
18 Знаеме дека никој што е роден од Бог,+ не оди во грев, туку него го чува оној што е роден од Бог,*+ и Злобниот не го држи под своја власт.+
19 Знаеме дека потекнуваме од Бог,+ а целиот свет е под власта на Злобниот.+
20 Но знаеме дека Синот Божји дојде+ и ни даде разум+ за да можеме да го запознаеме вистинскиот Бог.+ Преку неговиот Син, Исус Христос, ние сме во единство+ со вистинскиот Бог. Тоа е вистинскиот Бог+ и животот вечен.+
21 Дечиња, чувајте се од идоли!+
Фусноти
^ Изразот „оној што е роден од Бог“ се однесува на Исус Христос, Божјиот Син. Види го 1. стих.