1. Мојсеева 9:1-29
9 Тогаш Бог ги благослови Ное и неговите синови и им рече: „Плодете се, множете се и наполнете ја земјата!+
2 Од вас нека се плашат и нека страхуваат сите суштества на земјата, сите суштества што летаат по небото, сѐ друго што се движи по земјата и сите риби во морето! Во ваши раце се предадени сите тие.+
3 Сѐ што се движи и живее нека ви служи за храна.+ Сето тоа ви го давам како што ви ги дадов зелените растенија.+
4 Само не смеете да јадете месо со неговата душа,+ односно со неговата крв!+
5 А ќе ја барам и вашата крв, вашите души. Ќе ја барам од секое животно. И од човекот, од секој што му е ближен на човекот, ќе ја барам душата на човекот.+
6 Кој ќе пролее човечка крв, и неговата крв ќе биде пролеана од човек,+ зашто Бог го направи човекот според својот лик.
7 Раѓајте се и множете се, наполнете ја земјата и намножете се на неа!“+
8 Потоа Бог им рече на Ное и на неговите синови со него:
9 „Еве, јас склучувам сојуз+ со вас, со вашето потомство по вас+
10 и со секоја жива душа што е со вас, со птиците, со стоката и со сите други земни суштества што се со вас — со сѐ што излезе од арката, со секое суштество на земјата.+
11 Да, јас го склучувам својот сојуз со вас: никогаш повеќе потопни води нема да го уништат секое суштество и никогаш повеќе нема да има потоп, кој ќе ја опустоши земјата“.+
12 Потоа Бог додаде: „Ова е знакот+ на сојузот што го склучувам помеѓу мене и вас и секоја жива душа што е со вас, за сите поколенија довека.
13 Своето виножито+ го ставам во облакот за да биде знак на сојузот помеѓу мене и земјата.
14 И секогаш кога ќе донесам облак над земјата, во облакот ќе се појави виножитото,
15 па ќе се сетам на мојот сојуз+ меѓу мене и вас и сите живи души од секој вид.+ И никогаш повеќе од водите нема да настане потоп за да го уништи секое суштество.+
16 Виножитото ќе се појави во облакот,+ и јас ќе го видам и ќе се сетам на вечниот сојуз+ меѓу мене и секоја жива душа, секое суштество на земјата“.+
17 Потоа Бог му повтори на Ное: „Ова е знакот на сојузот што го склучувам меѓу мене и секое суштество на земјата“.+
18 Ноевите синови+ што излегоа од арката беа: Сем, Хам и Јафет. Подоцна на Хам му се роди Ханаан.+
19 Ова се тројцата синови на Ное, и од нив се насели целата земја.+
20 Ное стана земјоделец+ и насади лозје.+
21 Кога пиеше вино, се опи+ и се откри среде својот шатор.
22 А Хам,+ таткото на Ханаан, ја виде голотијата на својот татко,+ па им го кажа тоа на своите двајца браќа надвор.+
23 Тогаш Сем и Јафет зедоа една наметка,+ си ја префрлија преку рамења, па, одејќи назадечки, ја покрија со неа голотијата на татка си. Со лицето беа свртени на другата страна, така што не го видоа татка си гол.+
24 Кога Ное се разбуди, отрезнет од виното, и кога дозна што му сторил најмладиот син,
25 рече:
„Проклет да е Ханаан!+Нека им биде најдолниот роб на своите браќа!“+
26 А потоа додаде:„Благословен да е Јехова,+ Богот на Сем,и Ханаан нека му биде роб на Сем!+
27 Бог нека го рашири Јафетза да живее во шаторите на Сем!+Ханаан нека му биде роб и нему!“
28 И Ное живееше по потопот уште триста и педесет години.+
29 Така, Ное живееше вкупно деветстотини и педесет години, па умре.+