Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

ЗАПОЧНУВАЊЕ РАЗГОВОРИ

ЛЕКЦИЈА 4

Понизност

Понизност

Начело: „Од понизност сметајте ги другите за поголеми од себе“ (Фил. 2:3)

Што направил Павле?

1. Гледај го ВИДЕОКЛИПОТ или прочитај Дела 26:2, 3. Потоа размисли за следниве прашања:

  1.   а) Како Павле покажал понизност со начинот на кој зборувал со цар Агрипа?

  2.  б) Како Павле го свртел вниманието кон Јехова и кон Божјата Реч наместо кон себеси? (Види Дела 26:22.)

Што учиме од Павле?

2. Луѓето ќе бидат поспремни да ја слушнат нашата порака ако зборуваме со понизност и со почит.

Следи го примерот на Павле

3. Немој да ги гледаш другите од високо. Немој да оставаш впечаток дека ти знаеш сѐ, а дека другото лице не знае ништо. Зборувај со него со почит.

4. Јасно стави до знаење дека она за што поучуваш е од Библијата. Она што е запишано во Божјата Реч може да влијае врз срцето на луѓето. Кога ја користиме, им помагаме да си ја градат својата вера на цврст темел.

5. Биди благ. Немој да се обидуваш по секоја цена да докажеш дека ти си во право. Не сакаме да се расправаме. Покажи понизност така што ќе останеш смирен и ќе си заминеш доколку е потребно (Изр. 17:14; Тит 3:2). Ако си благ, лицето можеби ќе биде спремно да ја слушне пораката во некоја друга прилика.