ДОДАТОК
Исус Христос — ветениот Месија
ЗА ДА можеме полесно да препознаеме кој е Месијата, Јехова Бог вдахнал многу библиски пророци да запишат детали во врска со раѓањето, службата и смртта на овој ветен
Избавител. Сите овие библиски пророштва се исполниле на Исус Христос. Тие се неверојатно точни и детални. За да го потврдиме ова, да разгледаме неколку пророштва во кои се претскажани некои настани поврзани со раѓањето и со детството на Месијата.Пророкот Исаија прорекол дека Месијата ќе биде потомок на цар Давид (Исаија 9:7). Исус навистина бил роден во лозата на Давид (Матеј 1:1, 6-17).
Михеј 5:2). Кога се родил Исус, во Израел имало два града што се викале Витлеем. Едниот се наоѓал во близината на Назарет, во северниот дел на земјата, а другиот бил сместен во близината на Ерусалим, во Јуда. Градот Витлеем што се наоѓал во близината на Ерусалим порано се викал Ефрата. Исус се родил во тој град, токму како што било речено во пророштвото! (Матеј 2:1).
Михеј, еден друг Божји пророк, прорекол дека тоа дете ќе се роди во ,Витлеем Ефрата‘ и дека еден ден ќе стане владетел (Според едно друго библиско пророштво, Божјиот Син требало да биде повикан „од Египет“. Кога бил дете, Исус бил одведен во Египет. Се вратил оттаму по смртта на Ирод, и со тоа било исполнето ова пророштво (Осија 11:1; Матеј 2:15).
На табелата со наслов „ Пророштва во врска со Месијата“, во колоната „Пророштво“, наведени се библиски стихови што содржат детали во врска со Месијата. Спореди ги со стиховите што се наведени во колоната „Исполнување“. Така уште повеќе ќе се зајакне твојата вера во вистинитоста на Божјата Реч.
Додека ги разгледуваш овие стихови, имај на ум дека овие пророштва биле напишани стотици години пред раѓањето на Исус. Тој рекол: „Мора да се исполни сѐ што е напишано за мене во Мојсеевиот закон, во Пророците и во Псалмите“ (Лука 24:44). Како што можеш да провериш во својата Библија, тие навистина се исполниле — и тоа во најситни детали!