Индекс на слики
Според бројот на страницата
Корици Павле, Тавита, Галион, Лука, храмски стражар со апостолите, садукеј, Павле со придружба на пат кон Цезареја, Сведоци кои проповедаат со фонограф и со кола со разглас.
Страница 1 Павле, во окови, и Лука на товарен брод кој плови кон Рим.
Страници 2, 3 Брат Џон Бар и брат Теодор Џерес од Водечкото тело пред карта на светот.
Страница 11 Исус им дава задача на 11-те верни апостоли и на другите ученици на една планина во Галилеја.
Страница 14 Исус се вознесува на небото. Апостолите гледаат по него.
Страница 20 На Педесетница, учениците почнуваат да им зборуваат на посетителите на нивниот мајчин јазик.
Страница 36 Апостолите стојат пред разгневениот Кајафа. Судскиот совет ги користел храмските стражари кога сакал да уапси некого.
Страница 44 Долу: По II Светска војна, еден суд во Источна Германија ги осуди Сведоците под лажно обвинение дека се американски шпиони (Neue Berliner Illustrierte, 3 октомври 1950).
Страница 46 Стефан стои обвинет пред Судскиот совет. Во заднина седат богати садукеи, а во преден план се ултраортодоксните фарисеи.
Страница 54 Петар полага раце на нов ученик; зад него се гледа Симон кој држи ќесе со пари.
Страница 75 Петар и неговите придружници влегуваат кај Корнелиј. Корнелиј носи посебен плашт кој му е префрлен преку левото рамо, по што се гледа дека е стотник.
Страница 83 Еден ангел го води Петар; можно е Петар да бил затворен во Кулата Антонија.
Страница 84 Долу: напад од насилна толпа во близина на Монтреал (Квебек) во 1945 год. (Weekend Magazine, јули 1956).
Страница 91 Павле и Варнава се исфрлени од писидиска Антиохија. Во заднина се гледа новиот аквадукт во градот, кој веројатно бил изграден некаде во почетокот на првиот век од н.е.
Страница 94 Павле и Варнава не им дозволуваат на жителите на Листра да им се клањаат. Јавното жртвување честопати било шаренолика и бучна прослава придружена со многу музика.
Страница 100 Горе: Сила и Јуда го храбрат собранието во сириска Антиохија (Дела 15:30-32). Долу: покраински надгледник држи говор во едно собрание во Уганда.
Страница 107 Собранието во Ерусалим се состанува во приватна куќа.
Страница 124 Павле и Тимотеј пловат на еден римски трговски брод. Во далечината се гледа светилник.
Страница 139 Павле и Сила во ограден двор, откако успеале да се спасат од една насилна толпа.
Страница 155 Галион ги истерува обвинителите на Павле. Носи облека што одговара на неговата положба: бела царска тога со широка виолетова лента и калцеи, еден вид чевли.
Страница 158 Димитриј зборува со занаетчиите во една сребрарница во Ефес. Сребрените храмчиња на Артемида се продавале како сувенири.
Страница 171 Павле и неговите придружници се качуваат на брод. Зад нив се гледа Големиот пристаништен споменик, подигнат во првиот век пр.н.е.
Страница 180 Долу: Во текот на 1940-тите, кога беше забранета литературата во Канада, еден млад Сведок тајно пренесува библиски публикации. (Одглумена сцена.)
Страница 182 Павле е послушен на барањето на старешините. Лука и Тимотеј, кои се одзади, помагаат да се достават собраните прилози.
Страница 190 Внукот на Павле зборува со Клавдиј Лисиј во Кулата Антонија, каде што веројатно бил затворен Павле. Во заднина се гледа храмот на Ирод.
Страница 206 Павле се моли за исцрпените патници под палубата на еден товарен брод.
Страница 222 Павле како затвореник, врзан со синџир за римски војник, гледа дел од градот Рим.