Ќе внимавам
Преземи:
1. Во службата се напрегам,
но често се измачувам —
дали правам доволно,
дали вреди трудот мој.
Па, од срце се молам јас
штом мисли немирни ме преплават.
Со Речта ти ме тешиш.
Јехова, Татко, ми велиш
(РЕФРЕН)
Да внимавам да размислувам јас
за она што ме радува,
за она што ме изградува.
Ќе внимавам и ќе пронајдам мир.
2. Јас сакам да те радувам,
но не можам да не помислам:
„Животот баш не е фер;
можеби и не вредам“.
Но станувам, продолжувам,
за веста добра ќе зборувам пак.
Во тага не ќе тонам —
ми помагаш да се борам.
(РЕФРЕН)
Ќе внимавам да размислувам јас
за она што ме радува,
за она што ме изградува.
Ќе внимавам и ќе пронајдам мир.
Ќе најдам мир.
(ПРЕМИН)
Грижи и страв штом притиснат,
нема да ме надвладеат.
На тебе јас се потпирам пак.
Јехова, ти мир и сила ми даваш.
Мир, сила ми даваш.
(РЕФРЕН)
Ќе внимавам да размислувам јас
за она што ме радува,
за она што ме изградува.
Ќе внимавам и ќе пронајдам мир.