Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Поглед во светот

Поглед во светот

Поглед во светот

Комплетното Свето писмо — превод Нов свет го има на 43 јазици и на три јазици на Брајово писмо. На 18 други јазици и на 1 јазик на Брајово писмо има Превод Нов свет на Христијанските грчки списи. До јули 2007 год., вкупниот тираж беше 143.458.577.

Најстариот библиски текст што постои денес е таканаречениот Свештенички благослов, запишан во 4. Мојсеева 6:24-26. Се наоѓа на две сребрени амајлии свиткани како свиток, кои датираат од крајот на седмиот или почетокот на шестиот век пр.н.е. (BIBLICAL ARCHAEOLOGY REVIEW, САД).

На 31 декември 2006 год., бројот на јазици и дијалекти на кои има објавено барем една книга од Библијата изнесуваше 2.426, што е за 23 повеќе од претходната година (UNITED BIBLE SOCIETIES, БРИТАНИЈА).

Околу 28 отсто Американци ја сметаат Библијата за „Божја реч... која треба дословно да се разбере“, 49 отсто ја сметаат за „вдахновена Божја реч, но не треба сѐ да се сфати дословно“, а 19 отсто ја сметаат за „книга со бајки“ (GALLUP NEWS SERVICE, САД).

Најстарата Библија на кинески?

„Најстарите записи за превод на Хебрејската Библија на кинески се наоѓаат на една камена плоча [лево] која датира од 781 год. од н.е.“, вели изучувачот Јији Чен од Универзитетот во Пекинг. Плочата, која ја подигнале несторијанските христијани, била пронајдена во градот Шиан во 1625 год. Чен објаснува: „Официјалниот превод на името на оваа плоча на кинески е ‚Споменик за ширењето на светлоносната религија од Дачин во Кина‘ (... Дачин е кинеско име за Римското Царство). Меѓу записите на плочата има и кинески изрази како ‚вистински канон‘ и ‚преведување на Библијата‘.“

[Извор на слика на страница 30]

© Réunion des Musées Nationaux/Art Resource

Богатство од мочуриште

Во 2006 год., работниците што копале во едно тресетиште во Ирска нашле една книга со Псалми, или псалтир, за која се смета дека датира од осмиот век од н.е. Овој ракопис на латински, кој е еден од ретките од тој период, се смета за вистинско богатство. Псалтирот сѐ уште ги има своите оригинални корици и содржи 100-тина страници од пергамент со одличен квалитет. Во лондонскиот весник The Times пишува: „Остатоците од едно чергиче и кожна торба укажуваат дека псалтирот намерно бил скриен, можеби за да се заштити од нападите на Викинзите пред 1.200 години“. Иако страниците се залепени една за друга и делумно изгниени, експертите се уверени дека ќе можат да ги одвојат и да ги зачуваат.

Камиони полни со историја

Се известува дека археолозите многу темелно ја пребараа земјата што со камиони беше изнесена од местото каде што бил храмот во Ерусалим. Тие имаат собрано илјадници предмети што датираат уште од времето пред Израелците па до денес. Меѓу нив има и еден врв од стрела каков што користела војската на Навуходоносор, кој го уништил првиот еврејски храм што постоел на тоа место. Но, највпечатливо откритие е еден глинен печат од седмиот или шестиот век пр.н.е., на кој се вели дека стои хебрејското име Гедалјаху Бен Имер Ха-Кохен. Според археологот Габриел Баркај, сопственик на овој печат „можеби бил братот на Пасхор Бен Имер, за кого во Библијата [Еремија 20:1] пишува дека бил свештеник и службеник во храмот“.