Дали страдањата се казна од Бог?
ЛУЗИА КРИВИ НА СВОЈАТА ЛЕВА НОГА. Како дете, таа добила детска парализа, многу заразна болест која го напаѓа нервниот систем. Кога Лузиа имала 16 години, една жена за која работела ѝ рекла: „Бог те казнил со парализа затоа што си била дрска и не си ја слушала мајка ти“. Иако оттогаш поминале многу години, Лузиа сѐ уште се сеќава колку ја погодиле овие зборови.
КОГА ДАМАРИС ДОЗНАЛА ДЕКА ИМА РАК НА МОЗОКОТ, татко ѝ ја прашал: „Што си направила, па сега ти се случува ова? Мора да си направила нешто многу лошо. Затоа Бог те казнува“. Дамарис била скршена поради тоа што ѝ го кажал татко ѝ.
Со илјадници години луѓето мислат дека болестите се казна од Бог. Во една книга во која се зборува за обичаите во библиските земји пишува дека многу луѓе во времето на Исус Христос верувале дека „кога некој ќе добиел некоја болест тоа било казна за неговиот грев или за гревовите на неговите роднини“ (Manners and Customs of Bible Lands). Според една друга книга која зборува за медицината во средниот век, во тоа време „некои луѓе сметале дека со чумите Бог ги казнува за нивните гревови“ (Medieval Medicine and the Plague). Тогаш, дали тоа што чумата во 14 век одзела милиони животи низ Европа било казна од Бог? Или, пак, таа едноставно била предизвикана од бактериска инфекција, како што подоцна било докажано од медицината? И денес, некои луѓе се прашуваат дали Бог ги користи болестите за да ги казни луѓето за нивните гревови. *
РАЗМИСЛИ: Зошто Исус би ги лекувал болните ако Бог ги казнува луѓето со болести и страдања? Зар на тој начин не би ги довел во прашање Божјата правда и праведност? (Матеј 4:23, 24). Исус никогаш не би постапувал спротивно на Божјата волја. Тој рекол: „Јас секогаш го правам она што нему му е по волја“ и „Јас правам така како што ми заповеда Таткото“ (Јован 8:29; 14:31).
Библијата јасно ни кажува: Јехова Бог е „без неправда“ (5. Мојсеева 32:4). На пример, Бог никогаш не би предизвикал да се урне авион и да загинат стотици невини луѓе затоа што сакал да казни некого во тој авион. И верниот Божји слуга Авраам бил уверен дека Бог е праведен. Тој рекол дека Бог никогаш „не би го погубил праведникот заедно со злиот“ (1. Мојсеева 18:25). Исто така, Библијата вели дека „не е можно вистинскиот Бог да прави зло, Семоќниот да постапува неправедно“ (Јов 34:10-12).
ШТО НИ КАЖУВА БИБЛИЈАТА
Страдањата што ги доживуваме не се казна од Бог за некои наши гревови. Самиот Исус јасно го потврдил ова кога тој и неговите ученици виделе еден човек кој бил слеп од раѓање. Во Библијата пишува: „Неговите ученици го прашаа: ’Учителе, кој згрешил, овој човек или неговите родители, па се родил слеп?‘ Исус одговори: ’Ниту овој човек згрешил ниту неговите родители‘“ (Јован 9:1-3).
Поради општоприфатените погрешни гледишта, учениците на Исус сигурно биле изненадени кога тој им рекол дека Бог не му нанесува некому страдања за да го казни поради неговите гревови или поради гревовите на неговите родители. Со тоа што го излекувал Јован 9:6, 7). Оние што денес се борат со сериозни здравствени проблеми можат да бидат утешени од мислата дека Бог не е тој што им ги предизвикува.
слепиот човек, Исус, всушност, го побил погрешното верување дека страдањата се казна од Бог (Дали Исус ќе ги лекувал болните ако Бог ги казнува луѓето со болести?
Библијата нѐ уверува
-
„Бог не може да се искуша со зло, а и тој никого не искушува со зло“ (ЈАКОВ 1:13). Всушност, злото кое со векови се надвиснува над човештвото, во кое спаѓаат болестите, болките и смртта, Бог наскоро ќе го отстрани засекогаш.
-
Исус Христос ги излечил „сите болни“ (МАТЕЈ 8:16). Со тоа што ги излекувал сите што дошле кај него, Божјиот Син покажал што ќе направи Божјето Царство во далеку поголеми размери.
-
Бог „ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (ОТКРОВЕНИЕ 21:3-5).
КОЈ Е ВИНОВЕН ЗА СТРАДАЊАТА?
Зошто тогаш луѓето доживуваат толку многу болки и страдања? Ова прашање ги измачува луѓето со векови. Доколку Бог не е виновен за страдањата, тогаш кој ги предизвикува? Во следната статија ќе ги разгледаме одговорите на овие прашања.
^ пас. 4 Иако во минатото имало случаи кога Бог казнил некои луѓе за одредени гревови, Библијата не кажува дека Јехова денес ги користи болестите или страдањата за да ги казни луѓето.