Благослови за оние што им помагаат на другите
Многу луѓе во светот имаат потреба од храна и покрив над глава. А на некои сѐ што им треба е надеж за иднината. Бог сака да им помагаме на таквите лица и ќе нѐ благослови ако го правиме тоа.
ШТО ПИШУВА ВО СВЕТОТО ПИСМО
„Кој е милостив кон сиромавиот, му дава заем на Јехова, и Тој ќе му плати за неговите дела“ (ИЗРЕКИ 19:17).
ШТО ЗНАЧИ ДА ИМ ПОМАГАМЕ НА ОНИЕ ШТО ИМААТ ПОТРЕБА
Исус раскажал споредба за еден човек кој бил претепан од разбојници и оставен да лежи полумртов (Лука 10:29-37). Еден непознат човек застанал и му помогнал. Тој го сторил ова и покрај тоа што бил од различно етничко потекло.
Овој грижлив човек му ги преврзал раните, му ја ублажил болката и му пружил материјална помош.
Што учиме од оваа споредба? Исус покажал дека треба да сториме сѐ што можеме за да им помогнеме на оние што имаат некаква потреба (Изреки 14:31). Од Светото писмо дознаваме дека Бог наскоро ќе им стави крај на сиромаштијата и страдањата. Можеби се прашуваш како и кога Бог ќе го стори тоа. Во следната статија ќе видиме какви благослови нѐ очекуваат во иднина.