Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Бог сака да ги слуша нашите молитви (ПСАЛМ 65:2).

Продолжи да се молиш за Божјата милост

Продолжи да се молиш за Божјата милост

Бог им дал на луѓето уникатен дар — способност да комуницираат со него и да му ги изразуваат своите чувства во молитва. Пророкот Давид се молел: „Ти си тој што ги слуша молитвите, кај тебе доаѓа секој човек“ (Псалм 65:2). Но како треба да се молиме за Бог да ги слушне нашите молитви и да нѐ благослови?

МОЛИ СЕ ПОНИЗНО И ОД СРЦЕ

Тоа што ќе се молиш со свои зборови ќе ти помогне да му го излееш срцето на Бог, односно да му кажеш како се чувствуваш (Псалм 62:8). Семоќниот Бог многу ги цени искрените молитви кои му ги кажуваш од срце.

КОРИСТИ ГО БОЖЈЕТО ЛИЧНО ИМЕ

Иако има многу титули, Бог има само едно лично име. Во Божјата Реч пишува: „Јас сум Јехова. Тоа е моето име“ (Исаија 42:8). Името Јехова се појавува околу 7.000 пати во Светото писмо. Многу пророци му се обраќале на Бог користејќи го неговото лично име. Авраам му рекол: „Те молам Јехова... допушти ми да [ти] кажам уште нешто“ (1. Мојсеева 18:30). И ние треба да го користиме Божјето име, Јехова, кога се молиме.

МОЛИ СЕ НА СВОЈОТ ЈАЗИК

Бог знае што мислиме и како се чувствуваме без разлика на кој јазик зборуваме. Неговата Реч нѐ уверува: „Бог не е пристрасен, туку во секој народ го прифаќа оној што се бои од него и го прави она што е праведно“ (Дела 10:34, 35).

Меѓутоа, за Бог да нѐ благослови, не е доволно само да се молиме. Во следните статии ќе разгледаме што друго треба да правиме.