Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Што вели Библијата?

Што вели Библијата?

Дали религијата ја измислиле луѓето?

НЕКОИ СМЕТААТ дека религијата ја измислиле луѓето. Други мислат дека Бог ја користи религијата како средство за луѓето да му се приближат. Што мислиш ти?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

Библијата вели дека постои религија што е чиста во очите на Бог (Јаков 1:27). Таквата религија е вистинска, и потекнува од Бог.

ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА

  • Религијата ќе биде прифатлива за Бог само ако се темели на вистината запишана во Библијата (Јован 4:23, 24).

  • Религиите што се темелат на човечки размислувања се безвредни (Марко 7:7, 8).

Дали мора да припаѓаме на некоја религија?

ШТО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Да

  • Не

  • Зависи

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА

„Да размислуваме еден за друг за да се поттикнуваме кон љубов и кон добри дела, и да не ги пропуштаме нашите состаноци“ (Евреите 10:24, 25). Бог сака сите што веруваат во него да се собираат на организиран начин.

ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА

  • Сите што заедно му служат на Бог треба да имаат исти верувања (1. Коринќаните 1:10, 11).

  • Оние што припаѓаат на религијата што ја одобрува Бог се обединети како браќа и сестри низ целиот свет (1. Петрово 2:17).