Исус — зошто умрел
Исус — зошто умрел
‚Синот човечки дојде за да го даде својот живот како откупнина за мнозина‘ (МАРКО 10:45)
ИСУС знаел што го очекува. Му било јасно дека нема да живее спокојно. Напротив, иако бил свесен дека неговиот живот трагично ќе заврши кога ќе има 30-тина години, бил спремен да ѝ погледне на смртта в очи.
Библијата ѝ придава многу голема важност на неговата смрт. Во една книга стои дека во Христијанските грчки списи, наречени и Нов Завет, смртта на Исус директно се спомнува околу 175 пати. Но, зошто Исус морал да страда и да умре? Треба да го знаеме одговорот на ова прашање, бидејќи Исусовата смрт може да го смени нашиот живот.
▪ Што очекувал Исус. Во последната година од својот живот, Исус неколкупати ги предупредил учениците дека го чека страдање и смрт. Кога одел во Ерусалим за да ја прослави последната Пасха, тој им рекол на своите 12 апостоли: „Синот човечки ќе биде предаден на главните свештеници и на книжниците, а тие ќе го осудат на смрт и ќе им го предадат на незнабошците, и ќе го исмејуваат, и ќе го плукаат, и ќе го камшикуваат, и ќе го убијат“ * (Марко 10:33, 34). Од каде знаел дека ќе му се случат токму овие работи?
На Исус му биле добро познати многубројните пророштва од Хебрејските списи, во кои било проречено како ќе заврши неговиот живот (Лука 18:31-33). Разгледај некои од тие пророштва, како и библиските стихови од кои се гледа нивното исполнување.
Месијата...
▪ Ќе биде предаден за 30 сребреници (ЗАХАРИЈА 11:12; МАТЕЈ 26:14-16).
▪ Ќе го удираат и ќе го плукаат (ИСАИЈА 50:6; МАТЕЈ 26:67; 27:26, 30).
▪ Ќе го приковаат на столб (ПСАЛМ 22:16; МАРКО 15:24, 25).
▪ Ќе му се потсмеваат додека виси на столбот (ПСАЛМ 22:7, 8; МАТЕЈ 27:39-43).
▪ Ќе го погубат без да му биде скршена ниту една коска (ПСАЛМ 34:20; ЈОВАН 19:33, 36).
Исус ги исполнил овие и уште многу други пророштва. Сепак, немало никакви шанси да влијае врз нивното исполнување. Тоа што сите овие пророштва се исполниле на Исус докажува дека тој навистина бил испратен од Бог. *
Но, зошто било потребно Исус да страда и да умре?
▪ Исус умрел за да даде одговор на важните спорни прашања. Исус знаел дека во рајската градина биле покренати спорни прашања во кои се вклучени сите суштества обдарени со разум. Под влијание на едно бунтовно духовно суштество, Адам и Ева одлучиле да не го послушаат Бог. Со својата непослушност, во прашање го довеле Божјето право да биде Севишен Владетел, односно Божјиот начин на владеење. Гревот на Адам и Ева го покренал и прашањето дали некои луѓе ќе му останат верни на Бог кога ќе се најдат во искушение (1. Мојсеева 3:1-6; Јов 2:1-5).
Филипјаните 2:8). Исто така, докажал дека еден совршен човек може да му остане потполно верен на Бог и покрај најтешките искушенија.
Исус го дал најубедливиот одговор на спорните прашања дали Јехова има право да владее и дали луѓето ќе му останат верни. Со тоа што останал апсолутно послушен „сѐ до смртта... на маченички столб“, Исус потврдил дека Бог има право да владее над сѐ (▪ Исус умрел за да ги откупи луѓето. Пророкот Исаија претскажал дека со страдањето и смртта на Месијата ќе бидат платени гревовите на луѓето (Исаија 53:5, 10). Исус јасно го сфатил тоа и затоа спремно ‚го дал својот живот како откупнина за мнозина‘ (Матеј 20:28). Со тоа што го дал животот како жртва, овозможил несовршени луѓе да имаат добар однос со Јехова и да бидат спасени од гревот и смртта. Благодарение на Исусовата смрт, ќе можеме да го добиеме она што го изгубиле Адам и Ева — вечен живот на Земјата во совршени услови * (Откровение 21:3, 4).
▪ Што можеш да направиш ти. Во овие статии разгледавме што вели Библијата за Исус — од каде дошол, како живеел и зошто умрел. Ако го знаеме сето тоа, ќе расчистиме некои погрешни претстави што сме ги имале за него. Освен тоа, ако постапуваме во склад со она што сме го научиле, ќе имаме подобар живот сега и вечен живот во иднина. Библијата ни кажува што да правиме за да ги добиеме тие благослови.
▪ Подобро запознај го Исус Христос и неговата улога во Јеховината намера (ЈОВАН 17:3).
▪ Покажи вера во Исус со начинот на кој живееш и со тоа што ќе го прифатиш како свој Спасител (ЈОВАН 3:36; ДЕЛА 5:31).
На Јеховините сведоци ќе им биде мило да ти помогнат да научиш нешто повеќе за Исус Христос ‚единородниот Син‘ на Бог, преку кого можеме да добиеме „вечен живот“ (Јован 3:16).
[Фусноти]
^ пас. 5 Исус честопати се нарекувал себеси „Синот човечки“ (Матеј 8:20). Овој израз покажува не само дека во буквална смисла бил човек туку и дека бил ‚синот човечки‘ што се спомнува во библиските пророштва (Даниел 7:13, 14).
^ пас. 13 Нешто повеќе во врска со пророштвата што се исполниле на Исус можеш да прочиташ во додатокот од книгата Што навистина учи Библијата?, издадена од Јеховините сведоци. Таа тема гласи „Исус Христос — ветениот Месија“.
^ пас. 17 Нешто повеќе за откупната вредност на Исусовата жртва можеш да прочиташ во 5. поглавје од книгата Што навистина учи Библијата?, кое носи наслов „Откупнината — најголемиот дар од Бог“.