Одговор на библиски прашања
Дали некогаш сиромаштијата ќе биде искоренета?
Секоја година, милиони сиромашни луѓе умираат поради глад и болести. Иако некои држави во светот се многу развиени, поголемиот дел од луѓето живеат во крајна сиромаштија. Библијата ни открива дека човештвото веќе со векови се бори со сиромаштијата. (Прочитај Јован 12:8.)
За да може сиромаштијата да биде искоренета, потребна е една светска влада која подеднакво ќе ги распределува природните ресурси на Земјата. Оваа влада ќе мора да им стави крај и на војните, кои се главна причина за сиромаштијата. Бог ни ветува една таква влада. (Прочитај Даниел 2:44.)
Кој може да ѝ стави крај на сиромаштијата?
Бог го поставил својот Син, Исус, да владее над сите луѓе (Псалм 2:4-8). Исус ќе ги спаси сиромашните и ќе им стави крај на угнетувањето и насилството. (Прочитај Псалм 72:8, 12-14.)
Исус, кој во Библијата е наречен „Кнез на Мирот“, ќе донесе мир и сигурност во целиот свет. Тогаш сите луѓе ќе имаат свој дом, задоволувачка работа и изобилство храна. (Прочитај Исаија 9:6, 7; 65:21-23.)