Воведи во библиските книги
Овие кратки видеоклипови содржат важни информации во врска со историскиот контекст и содржината на библиските книги. Со нивна помош можеш да го збогатиш своето лично проучување и читање на Библијата.
Вовед во 1. Мојсеева
Прва Мојсеева зборува за тоа како настанал човекот, и ни ја открива причината зошто страдаме и умираме.
Вовед во 2. Мојсеева
Бог ги ослободил Израелците од ропството во Египет и ги организирал како свој избран народ.
Вовед во 3. Мојсеева
Забележи како од книгата 3. Мојсеева дознаваме колку е свет Јехова и зошто е многу важно и ние да бидеме свети.
Вовед во 4. Мојсеева
Забележи колку е важно да му бидеме послушни на Јехова и да покажуваме почит кон оние што имаат задача да предводат.
Вовед во 5.Мојсеева
Дознај како од Законот што Јехова им го дал на Израелците се гледа колку многу го сака својот народ.
Вовед во Исус Навин
Дознај како Израелците ја освоиле земјата што им ја дал Бог и како ја поделиле.
Вовед во Судиите
Оваа книга со возбудливи настани го добила името по храбрите и верни мажи кои Бог ги користел за да ги избави Израелците од нивните непријатели.
Вовед во Рут
Во книгата Рут се зборува за самопожртвуваната љубов на една млада вдовица кон нејзината свекрва и за тоа како Јехова ги наградил.
Вовед во 1. Самоилова
Дознај за периодот кога во Израел престанале да управуваат судиите и почнале да владеат царевите.
Вовед во 2. Самоилова
Дознај како, поради својата понизност и вера, Давид станал еден од најомилените и најпознатите библиски ликови.
Вовед во 1. Царевите
Од оваа книга дознаваме за владеењето на цар Соломон кога Израелците имале прекрасни услови за живот, но и за бурниот период кога царството било поделено на две — Израел и Јуда.
Вовед во 2. Царевите
Дознај како северното царство Израел пропаднало поради отпадништво и како Јехова ги благословил оние малкумина кои верно му служеле.
Вовед во 1. Летописи
Дознај за семејната лоза од која дошол верниот цар Давид и за возбудливите настани од неговиот живот, од моментот кога почнал да владее со Израел па сѐ до неговата смрт.
Вовед во 2. Летописи
Дознај како историјата на царевите на Јуда покажува колку е важна верноста кон Бог.
Вовед во Езра
Јехова го исполнил своето ветување дека ќе го ослободи својот народ од изгнанство во Вавилон и дека ќе го обнови вистинското обожавање во Ерусалим.
Вовед во Неемија
Библиската книга Неемија е многу поучна за сите што му служат на вистинскиот Бог.
Вовед во Естира
Драматичните настани од времето на Естира ќе ја зајакнат твојата вера дека и денес Јехова Бог може да го избави својот народ од неволја.
Вовед во Јов
Верата на секој што го сака Јехова ќе биде испитана. Книгата Јов нѐ уверува дека можеме да останеме верни и да го поддржиме Божјето право да владее.
Вовед во Псалми
Во книгата Псалми се истакнува Јехова како севишен Владетел. Таа им дава помош и утеха на оние кои го сакаат, и покажува како неговото Царство ќе го промени светот.
Вовед во Изреки
Книга со совети од Бог за работата, семејството и речиси секој друг аспект од животот.
Вовед во Проповедник
Цар Соломон истакнува што е навистина важно во животот, а што не е во склад со Божјата мудрост.
Вовед во Песна над песните
Силната љубов на Суламката кон пастирот е наречена „пламен што го дава Јах“. Зошто?
Вовед во Исаија
Исаија е книга со непогрешни пророштва што можат да ни ја зајакнат довербата дека Јехова е Бог кој спасува и си ги исполнува ветувањата.
Вовед во Еремија
Еремија верно служел како пророк и покрај тешкотиите. Размисли како неговиот пример може да им помогне на христијаните денес.
Вовед во Плач Еремиин
Книгата Плач Еремиин ја напишал Еремија. Во неа е изразена тага поради уништувањето на Ерусалим, но и истакнува дека Јехова е милосрден кон оние што се каат.
Вовед во Езекиел
Езекиел понизно и храбро ги извршувал задачите од Бог, сеедно колку биле тешки. Неговиот пример има голема вредност сѐ до ден-денес.
Вовед во Даниел
Даниел и неговите пријатели му останале верни на Јехова под секакви околности. Нивниот пример и исполнувањето на пророштвата можат многу да ни помогнат нам, кои живееме во последните денови.
Вовед во Осија
Книгата Осија содржи важни поуки во врска со милоста што Јехова ја покажува кон оние што се каат за своите грешки и за тоа како тој сака да му служиме.
Вовед во Јоил
Јоил пророкувал во врска со големиот и страшен ден на Јехова, а кажал и што е потребно за да го преживееме. Тоа пророштво е од уште поголема важност за нас денес.
Вовед во Амос
Јехова му дал многу важна задача на овој понизен човек. Што можеме да научиме од примерот на Амос?
Вовед во Авдија
Ова е најмалата книга во Хебрејските списи. Таа влева надеж и покажува дека ќе биде оправдано Јеховиното право на владеење.
Вовед во Јона
Од книгата Јона дознаваме како пророкот прифатил исправка, како си ја исполнил задачата и како добил силна поука за Божјата милост и верна љубов.
Вовед во Михеј
Оваа книга која содржи пророштва од Бог нѐ уверува дека Јехова ни го мисли најдоброто и дека има разумни очекувања од нас.
Вовед во Наум
Ова пророштво нѐ уверува дека Јехова секогаш го исполнува она што ќе го прорече и дека им дава утеха на сите што се надеваат на неговото Царство кое ќе донесе мир и спасение.
Вовед во Авакум
Можеме да бидеме сигурни дека Јехова знае како и кога да го спаси својот народ.
Вовед во Софонија
Зошто не треба да се залажуваме дека Јеховиниот ден нема да дојде?
Вовед во Агеј
Ова пророштво истакнува колку е важно службата за Јехова да ја ставиме пред нашите лични интереси.
Вовед во Захарија
Бројни виденија и пророштва го зајакнале Божјиот народ во минатото. Истите пророштва нѐ уверуваат и нас денес дека Јехова нѐ поддржува.
Вовед во Малахија
Во оваа пророчка книга се зборува за љубовта, милоста и непроменливите начела на Јехова. Од неа можеме да извлечеме важни поуки за нашево време.
Вовед во Матеј
Научи некои основни факти за оваа библиска книга, првото од четирите евангелија.
Вовед во Марко
Извештајот на Марко, кој е најмалото од сите евангелија, ни покажува што ќе направи Исус како иден цар на Божјето Царство.
Вовед во Лука
Кои информации од евангелието според Лука не се наоѓаат во другите евангелија?
Вовед во Јован
Во извештајот на Јован е истакната љубовта на Исус кон луѓето, неговата понизност и доказите кои покажуваат дека тој е Месијата, Царот на Божјето Царство.
Вовед во Дела на апостолите
Христијаните од првиот век давале сѐ од себе за да им помогнат на луѓето од сите народи да станат Христови ученици. Библиската книга Дела може да ти помогне со поголема ревност и воодушевеност да ја извршуваш службата.
Вовед во Римјаните
Под водство на Божјиот дух, Павле во ова послание пишувал за непристрасноста на Јехова и за тоа колку е важно да имаме вера во Исус Христос.
Вовед во 1. Коринќаните
Под водство на светиот дух, Павле во ова писмо дал совети во врска со единството, моралната чистота, љубовта и верата во воскресението.
Вовед во 2. Коринќаните
Јехова, „Богот на секоја утеха“, ги зајакнува и им помага на своите слуги.
Вовед во Галатите
Писмото на Павле до Галатите е исто толку корисно за христијаните денес колку што било и во првиот век. Тоа може да ни помогне на сите нас да му останеме верни на Бог.
Вовед во Ефешаните
Од ова писмо дознаваме дека Бог има намера да донесе мир и единство преку Исус Христос.
Вовед во Филипјаните
Кога остануваме верни и покрај неволјите, тоа може да ги поттикне другите да му останат верни на Бог.
Вовед во Колошаните
Можеме да го радуваме Јехова така што ќе живееме во склад со она што го учиме, така што спремно ќе си простуваме и така што ќе покажуваме почит кон положбата и власта на Исус.
Вовед во 1. Солуњаните
Мора да останеме духовно будни, да испитуваме сѐ за да бидеме уверени во вистината, да се молиме непрестајно и да се храбриме еден со друг.
Вовед во 2. Солуњаните
Павле исправа едно погрешно гледиште во врска со доаѓањето на Јеховиниот ден, и ги поттикнува браќата да останат цврсти во верата.
Вовед во 1. Тимотеј
Павле го напишал 1. Тимотеј за да даде упатства како да се организираат работите во собранието, и за да даде предупредување во врска со лажните учења и љубовта кон парите.
Вовед во 2. Тимотеј
Павле го поттикнува Тимотеј потполно да ја изврши својата служба.
Вовед во Тит
Во писмото што му го испратил на Тит, Павле пишува за проблемите што во ги имало во собранијата на Крит и за особините што треба да ги имаат браќата кои сакаат да служат како старешини.
Вовед во Филимон
Ова кратко, но значајно писмо, содржи практични совети во врска со понизноста, љубезноста и простувањето.
Вовед во Евреите
Вистинските христијани го обожаваат Бог на многу повозвишен начин од древните Израелци кои имале дословен храм и користеле животински жртви.
Вовед во Јаков
Јаков користи впечатливи споредби за да истакне некои важни начела според кои треба да живеат христијаните.
Вовед во 1. Петрово
Во 1. Петрово сме поттикнати со сите сили да му служиме на Јехова и да ги фрлиме сите свои грижи на него.
Вовед во 2. Петрово
Второто писмо на Петар нѐ поттикнува да останеме верни додека ги чекаме симболичните нови небеса и нова земја.
Вовед во 1. Јованово
Прво Јованово нѐ предупредува да се чуваме од антихристите и ни помага да сфатиме што треба, а што не треба да сакаме.
Вовед во 2. Јованово
Во второто писмо на Јован, поттикнати сме да живееме според Божјите заповеди и да се чуваме од измамниците.
Вовед во 3. Јованово
Во своето трето писмо Јован нагласил колку е важно христијаните да бидат гостољубиви.
Вовед во Јуда
Јуда ги разоткрива оние што сакаат да внесат лажни учења во собранието и да ги заведат христијаните.
Вовед во Откровение
Живописните виденија во книгата Откровение ни откриваат на кој начин Божјето Царство ќе ја исполни Јеховината волја со човештвото и Земјата.
Вовед во Библијата
Дознај како секоја библиска книга е поврзана со нејзината главна тема — посветувањето на Јеховиното име преку Божјето Царство под власта на Исус Христос.