Дали Јеховините сведоци се ционисти?
Не. Јеховините сведоци се христијани кои ги темелат своите верувања на Библијата. Некои религии поучуваат дека собирањето на Евреите во Палестина е поврзано со исполнувањето на едно библиско пророштво. Но, Јеховините сведоци не се согласуваат со ова. Тие не веруваат дека ова политичко движење е проречено во Библијата. Всушност, Библијата не воздигнува ниту една држава во светот, ниту еден народ или етничка група. Во Стражарска кула, списание кое го издаваат Јеховините сведоци, стоеше следново: „Не постои библиски темел за политичкото движење наречено ционизам“.
Во Толковниот речник на современиот македонски јазик од Зозе Мургоски, ционизмот се дефинира како „движење за формирање на еврејска држава во Палестина“. Ова движење има и религиозни и политички корени. Јеховините сведоци не го застапуваат ционизмот како религиозно учење и се потполно неутрални во однос на ова политичко движење.
Јеховините сведоци се верска организација и не поддржуваат ниту едно политичко движење, вклучувајќи го и ционизмот. Сведоците во многу случаи ја докажале својата политичка неутралност. Во некои земји претрпеа жестоко прогонство поради тоа што беа неутрални. Ние сме уверени дека само Божјето Царство ќе донесе траен мир на Земјата, а не некоја човечка влада или политичко движење.
Без разлика каде живеат, Јеховините сведоци ги почитуваат државните закони затоа што тоа е едно од основните начела на нивното верување. Тие не се бунтуваат против властите ниту, пак, учествуваат во вооружените конфликти.